Стари македонски специјалитети

Тавче гравче, ѓомлезе, вевчанска салата, домашно вино….

За пансионот

Пансионот Кутмичевица го промовира богатото историско и културно наследство на питорескното село нареченo Вевчани, сместено под падините на раскошната планина Јабланица, оддалечено од Охридското Езеро на само 14 км, на надморска висина од 930 метри. Оваа прекрасна реставрирана куќа од далечниот 19-ти век ја задржала својата оригиналност, се сплотила со автентичниот мебел и традиционален амбиент.

За време на престојот во пансионот Кутмичевица, гостите воедно ќе бидат  дел од несекојдневната традиција и обичаи, сведоци на неискоренатата култура и автентична архитектура, како и на воодушевувачката панорама на околните села и градови, Охридското Езеро па се до врвот Пелистер. Пансионот Кутмичевица располага со двокреветна и трокреветна соба, уредени во традиционален етно стил, со сите потребни услови за удобен престој: клима, кабловска телевизија, интернет, парно греење, купатило…

about-slika

Традиционални вкусови и органска храна

about-slika2

За ресторанот

Позициониран во бајковитото Вевчани, ресторанот целосно ја искористува предноста на комплетно незагадената и богата земја во околината, за одгледување и производство на разновиден органски зеленчук, шумски плодови и овошје.

Во нашиот ресторан гостите ќе можат да ги вкусат традиционалните македонски јадења, сплотени со локалните вкусови, во голема сала со 60 седишта и прекрасна надворешна тераса со 30 места. Ресторанот исто така поседува сопствени лозови насади, од кои произведува вкусно вино и домашна ракија, кои им се достапни на вистинските љубители на традиционални пијалоци. Дојдете и посетете не, нашата цел и намера е да ја направиме Вашата посета на Вевчани незаборавна.